Четири дена хаос во српскиот град Ужице. По отворањето на новиот, а воедно и прв кружен тек во овој град, секојдневно на социјалните мрежи излегуваат видео снимки за кршење на сообраќајните правила од страна на возачи кои или не можат да се снајдат или едноставно одбиваат да се прилагодат на новата реалност.