21 годишната Драгана Станковиќ треба да слави втор роденден, коментираат српските медиуми, по објавување на снимка од безбедносните камери на пешачката улица ,,Кнез Михаилова“ во Белград. Таа за влакно избегна смрт, откако на неа налета возач кој потоа покоси се што се наоѓаше пред него:

Утрината околу 7 часот, пијан возач намерно влегол со автомобил на познатата белградска пешачка улица ,,Кнез Михаилова“, повредил една 21 годишна девојка, демолирал летни бавчи од три угостителски локали и се забил во челичен столб. Во ова утринско ,,лудило“, повреден е и возачот, по што , тој и повредената девојка се пренесени во Ургентен центар во Белград.

Видео и фото: курир.рс