ВИДЕО од првото тв интервју:Нуклераните шифри делувале отрезнувачки на Трамп

Телевизијата “ABC” го направи првото тв интервју со американскиот претседател Доналд Трамп и тоа шетајќи се со него низ Белата Куќа. Како што пренесуваат американските медиуми, тие разговарале за се и сешто, од преубавото писмо како што рекол Трамп , од Барак Обама, до нуклеарните шифри, освестувањето колкава е одговорноста што ја презел…


Трамп признал дека добивањето на куферчето со златните кодови за нуклеарните шифри делувале на него многу застрашувачки, бидејќи сфатил дека во раце ги има кодовите за лансирање на нуклеарно оружје. Кога ми објаснија што значи тоа, за мене тоа беше отрезнувачки момент колкава одговорност преземам-рекол Трамп. Страшно,многу страшно, изјавил американскиот претседател.

Сепак, тој изјави дека станува свесен за многу работи и дека е сигурен дека ќе преземе вистински чекори кога ќе биде потребно.

 

Доналд Трамп е шокиран од ситуацијата во Чикаго на безбедносен план, ја споредил со Авганистан, дури рекол дека таму е полошо и дека секој ден во меѓусебни престрелки и убиства гинат многу луѓе. Тоа е крвопролевање-рекол Трамп.

ABC