Лошата видливост поради смог, изминатите денови ,  резултираше со карамбол на над 20 возила што се удирале едно по едно на Јамуна експресен пат во Индија. Неколку луѓе биле повредени, а возилата буквално се набиваа едно во друго.

На веб-страницата на американската амбасада  во Индија беше објаено дека нивото на загадувачите, познати како ПМ2.5 кои се најштетни за здравјето, достигнале 703 микрограми на кубен метар – двојно повеќе од прагот 300 што властите го класифицираа како опасен, по што властите во Њу Делхи мораа да прогласат тревога опасна по здравјето..

„Прогласивме здравствена вонредна состојба во Њу Делхи, бидејќи загадувањето е на алармантно ниво“, изјави за АФП претседателот на Индиската медицинска асоцијација (ИМА) Кришан Кумар Агарвал.