ВИДЕО: Специјалните полициски сили му рапортираа на министерот Нухиу

На вчерашната завршна вежба на специјалните единици на МВР во базата на ЕБР, му беше рапортирано на министетор за внатрешни работи Агим Нухиу за постигнатите резултати по двонеделната обука. Обуката ја вршеа специјални полициски инструктори од САД.

Македонските полициски сили на присутните гости министерот Нухиу, американскиот амбасадор Џес Бејли и на министерот за одбрана Зоран Јолевски им ги покажаа своите вештини во базата на ЕБР која се наоѓа во касарната Ѓорче Петров.

 

„Денеска сме овде по повод завршувањето на обуката на припадниците на специјалните единици на МВР и АРМ со инструктори од Специјалните единици на САД.   Дозволете ми да се заблагодарам на амбасадата на САД и посебно на амбасадорот Бејли за несебичната поддршка за нашето министерство“, рече министерот Нухиу.

Тема на обуката беше справување со терористички закани и напади, од страна на вооружени поединци и групи во урбана средина, а целта е подигнување и зајакнување на капацитетите на Министерствата, како и совладување на нови вештини, тактики и методи при справување со глобалните закани и растечката опасност од терористички напади и загрозување на мирот и безбедноста на граѓаните и стабилноста на регионот пошироко.