Видео: Фалејќи се со автомобилот, млад Романец изгуби контрола и усмрти 27-годишна нишлијка

Вчера во несреќен случај во Романија во фабриката ,,Леони“ 27 годишната работничка од Ниш , Србија, загина за време на паузата додека седела со своите колешки во фабричкиот ресторан.

Денеска романските медиуми ја објавија снимката од фабричките камери на која се гледа моментот кога автомобилот БМВ влетува со голема брзина во делот од ресторанот каде што седеле работничките, а меѓу нив и Ирена.

Имено, на снимката се гледа како работниците мирно ручаат, но во еден момент влетува автомобил со полна брзина. 22 годишен Романец, исто вработен во оваа фабрика, дошол со својот нов автомобил да се пофали пред работничките, но во еден момент ја изгубил контролата и директно удрил во несреќните луѓе.

Во инцидентот се повредени уште две Србинки кои работеле во оваа фабрика.