ВИДЕО: Хрватската Претседателка во униформа се вовлече во војнички шатор

Претседателката на Хрватаска Колинда Грабар Китаровиќ, која е и Врховен командант на вооружените сили, во војничка униформа ги посети војниците во кампот ,,Јосип Јовиќ“ во Хрватска каде се на вежба во зимски услови.Таа се интересираше како изгледа да се помине ноќта во мал тесен воен шатор, и констатираше дека е веројатно попријатно кога се двајца таму за да се грејат со своите тела.

 

Грабар-Китаровиќ на војниците им го пренесе и своето искуство од Америка, кога работеше за команда на НАТО, од нејзините денови поминати во големи воени шатори со греење. Но, раскажа таа, една ноќ им го исклучиле греењето да видат како ќе се снајдат. Дефинитивно во такви прилики овие малите шатори за двајца се подобри, констатираше хрватската претседателка.

Агенции