Пред два дена во Торонто се одржала прослава по повод Денот на независноста на Македонија, но уште на самиот почеток се случил скандал.

Вицеконзулката во Канада, Александра Стојкова, уште на почетокот од говорот на Мендо Бакалоски, инаку претседател на едно од неколкуте т.н. патриотски здруженија во оваа земја, со парче хартија се обиде да му ја затне устата и да го спречи да зборува понатаму. Таа веројатно знаела дека тој ќе го критикува премиерот Заев и актуелната Влада, бидејќи во сите негови досегашни говори, ги нарекува предавници и ,,комуњари“.

 

 

,,Вести од дијаспората…

Што е СКАНДАЛ?
Потегот на Александра или говорот на Мендо?

Пред два дена во Торонто се одржала прослава по повод Денот на независноста на Македонија… За намерата некој да ја „исправитизира“ таа прослава ќе говорам во друга прилика… Да се задржам сега на моментот што предизвика лавина реакции кај македонските иселеници овде во Канада…

Скандалот се случил кога за време на прославата, на говорница излегол да говори Мендо Бакаловски, претседател на the United Macedonian Organization of Canada… Тоа е една од неколкуте „патриотски“ организации во Канада… Ама тоа се оние „патриоти“ кои што не прават разлика меѓу Македонија и ВМРО-ДПМНЕ…

Говорот започнал убаво и се’ било во ред во првите 10-15 секунди кога Мендо Бакаловски го кажувал воведот за Денот на независноста… Ама веднаш по тие први 10-15 секунди, говорникот преминал на говор во кој што некои препознале обид да се осудат ‘предавничките комуњари кои што ќе ја разнебитат Македонија’… Арно ама, уште на самиот почеток, кога Мендо Бакаловски почнал да кажува дека „ние Македонците во моментов сме изложени на големи искушенија…“, кај говорницата пристапила вицеконзулката на Македонија во Торонто Александра Стојкова и во знак на револт пред устата на ‘ораторот’ ставила хартија…

Тврдокорните патриоти во Торонто на социјалните мрежи зовреа од бес поради овој „скандал“, иако според мене МНОГУ ПОГОЛЕМ СКАНДАЛ е обидот да се злоупотреби државниот празник во терање пропагандно-партиски цели“-пишува на својот ФБ профил Ацо Лукароски, македонски иселеник во Канада.

За овој скандал , има реакција на ФБ страницата ВМРО

,,Срамно онесување од вицеконзулот во Генералниот конзулат на Република Македонија во Торонто Александра Стојкова. Не мy треба ваква гнасота како Александра Стојкова како преставник за Република Македонија во Канада.

Александра Стојкова да си ја наполни куферот и назад да се врати, Анти Македонски настани како ова нема да се трпаат.

погледнете како се почитуваат слободата на говорот од страна на официјални претставници од владата на Република Македонија …

На подигнување на знамето надвор од Квинс Парк на 8-ми септември за Ден на независноста на Република Македонија,Г-дин Мендо Бакаловски, претседател на Организацијата на Обединетите Македонци на Канада, беше грубо прекинат во обид да го замолчи говорниот потпретседател на Република Македонија во Торонто, Александра Стојкова.

Ова не е само напад против Мендо Бакаловски, туку целата македонска заедница во Торонто. Како треба да имаме доверба и да работиме со владата на Македонија кога ќе ни покажат толку малку почит кон нас?

Со непријателски акции како овие, деновите на соработка и добри односи меѓу Македонците од Торонто и Република Македонија се чини дека се нумерирани.“(реакцијата на оваа ФБ група ви ја пренесовме во оригинална форма, нелекторирана)

Инаку,  конзул во Торонто е Јовица Палешевски, за кого  грчкото МНР имаше жестока реакција, заради неговата провокација. Тој за време на официјален настан и говор, зад грбот имаше мапа  од Обединета Македонија.

АКО.мк