Владата го именуваше Павле Трајанов за Национален координатор за намалување на ризици

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов е именуван за национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија.

Ова е одлучено на последната седница на Влада на РМ.

Павле Трајанов стана коалициски партнер на СДСМ пред минатогодишните предвремени параламентарни зибори. Претходно, ДС беа во коалиција со ВМРО ДПМНЕ.

На местото национален координатор за намалување од ризици пред Трајанов, беше Живко Јанкуловски од ПОДЕМ, еден од помалите коалициски партнери на ВМРО ДПМНЕ.

Ова владино тело е формирано во 2010 година и е донесена Национална програма за навремено предупредување од природни катастрофи .