Владата го предложи Љубомир Јовевски за нов Јавен обвинител на местото на Зврлевски

Владата на Република Македонија, на денешната седница, донесе заклучок да му предложи на Собранието на Република Македонија за Јавен обвинител на Република Македонија да го именува Љубомир Јовески, член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Владата на Република Македонија оваа одлука, освен врз основа на професионалната биографија на Љубомир Јовевски, ја донесе и врз основа на позитивното мислење на Советот на јавните обвинители-се вели во кусото соопштение од Владата.

Јовевски е обвинител во Јавно обвинителство. Треба да дојде на местото на контроверзниот Марко Зврлевски.