Владата на Груевски дала за пропаганда 30 милиони на странски и 12 милиони евра на домашни медиуми

Владата на Никола Груевски во екот на кампањата за привлекување странски инвестиции, потрошила огромни пари за пропаганда на странски и домашни медиуми.

Како што изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, на странски медиуми се одлеале повеќе од 30 милиони евра, односно нешто над 31 милион евра, додека на домашните медиуми им биле исплатени за пропагирање странски инвестиции дуру 12,5 милиони евра.

Бошњаковски праша зошто владата на Груевски се рекламирала на домашните медиуми, кога рекламирала услови за странски инвестиции, и како тоа странските инвеститори можеле да разберат и да се информираат од домашните медиуми-праша тој.

Владата најави истрага за тоа како и каде се трошеле народните пари и дали има злоупотреба на буџетот кога станува збор за кампањите за привлекување странски инвестиции.