Владата на Груевски исплатила 225 милиони евра од буџетот за 25 странски компании

225 милиони евра за 25 странски компанија, се исплатени во изминатите десет години од Владата на Никола Груевски, изјави портпаролот на Влада на РМ, Миле Бошњаковски.

Според анализата што ја направи Владата предводена од Зоран Заев, покажува дека едно работно место, од вкупно 20.000 колку се прикажани во странските компании, по 11.000 евра за едно работно место го чинело буџетот на РМ.

Овие вработувања не биле нови вработувања, туку преземени работници од македонското стопанство. Значи не се креирани толку нови работни места, вели Бошњаковски.

Овие податоци произлегоа од  декласификација на договорите, кои беа прогласени за државна тајна, но актуелната влада ги декласифицираше.

Не постои документ или водич со јасни критериуми за преговарање со странските инвеститори.

Сите преговарале, од министри, до промотори и директори.

Бидејќи договорите биле тајни, ,,успесите“ на тимот на Груевски , биле поткрепени со шоу кампањи.