Владата на Груевски потрошила 5,6 милиони за роуд-шоуа, 12,5 милиони за економски промотори, 2,8 милиони евра за…

За таканаречените ,,роуд шоуа“, министрите без ресор заедно со Никола Груевски, потрошиле точно 5,6 милиони евра пари на граѓаните на Република Македонија.

Економските промотори чија улога, како што рече Бошњаковски, никогаш не беше јавно и транспарентно објаснета и беше во конфликт со македонската дипломатија, ги чинеле граѓаните на Република Македонија цели 12,5 милиони евра.

Во овој дел од анализата особено се истакнува една дополнителна бројка, а тоа се дополнителни приходи, станарини, закуп и друго – на министрите без ресор кои биле задолжени за странски инвестиции 2,8 милиони евра им биле исплатени како дополнителни бенефиции надвор од месечната бруто плата.

Ова се податоци што денеска ги објави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, откривајќи дека за 10 години, владата предводена од Никола Груевски потрошила 130 милиони евра, пари од буџетот, за привлекување странски инвестиции.