Владата нема издадено наредба за прислушување или следење на странски амбасади и дипломати

Немаме издадено наредба за прислушување, ниту за спроведување разузнавачки дејства против било која од соседните земји, па ниту против Србија-изјави на прес конференција Никола Димитров, министер за надворешни работи.

„Впрочем, токму луѓето во оваа Влада ги почувствувале последиците од незаконско прислушување и добро знаат што значи тоа. Суштината во пристапот кон регионалната соработка на новата Влада на Република Македонија се темели на решавање на проблемите кои постојат во регионот, наспроти создавање на проблеми. “, рече Димитров.

Тој посочи дека доколку постојат било какви недоразбирања, треба да се решаваат преку директен дијалог.

Во таа насока, Димитров р во неделата доцна попладнето кога ја добил нотата на амбасадата на Република Србија, како министер за надворешни работи на Македонија веднаш директно му се јавил на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, но дека не успеал да го добие.

Од Белград денеска најавија дека министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ и претседатело на Србија Александар Вучиќ, утре телефонски ќе разговараат со Димитров и со Заев.