По повод најголемиот джавен празник,Ден на независност на Републиката, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, на градските гробишта Бутел во Скопје, придружуван од неколку министри,  оддаддоа почит и положија венци со свежо цвеќе на вечните почивалишта на претседателите на Република Македонија, Киро Глигоров и Борис Трајковски.

 

 

Должната почит кон споменот на двајцата претседатели на овој ден, е признание за нивниот исклучителен придонес во создавањето и негувањето на придобивките од независноста на Република Македонија.