Влатко Стефановски во Белград го промовираше својот нов албум ,,Мајчин јазик“

Македонскиот гитарист Влатко Стефановски, во Белград го промовираше својот најнов албум со наслов  ,, Mother Tongue “(Мајчин јазик), кој е снимен во минимални технички услови. Албумот е објавен кон крајот на минатата година за хрватска продуцентска куќа.

Гостувајќи во емисиии на РТС, но и на прес конференција пред неговиот концерт во Белград, Стефановски рече дека албумот е снимен и направен за 4 дена, но со материјал кој го собирал и складирал во својата глава во изминатите 20 години.

Посебен куриозитет при создавањето на албумот, покрај краткиот период на снимање е и фактот дека сите песни се со придружба од гитарата и гласот на Влатко Стефановски.

На обвивката од албумот има фотографија од неговата мајка.

Стефановски ќе одржи концерт во Белград на 2 април.