ВМРО ДПМНЕ:Кога ќе дојдеме на власт ќе продолжиме со изградба на автопатите што ги стопираше СДСМ

Стопирањето на градбата на автопатите од страна на владата на СДСМ отвора сериозен сомнеж дека се  подготвува криминал-изјави Снежана Стефановска од ВМРО ДПМНЕ .

,,Дел се работи за неспособност за менаџирање со проектите, но пглавната причина е сомнежот дека на голема врата се подготвува криминал на деценијата. Имено, штом првата одлука на министерот за транспорт е стопирање на градба за која се обезбедени пари, многу јасно е дека борбата е некои други фирми, блиски до СДСМ надвор од законите да го добијат вносниот милионски бизнис“-рече таа.

Според Стефановска,токму затоа министерот Сугаревски и владата се служат со комплетни лаги, но и лагата им се распрснува како меур од сапуница.

,,Тие посочија дека било направени грешка во проектирање, а проектот е изработен и поради недостиг на капацитети и способност оставен како нереализиран за време на мандатот на владата на СДСМ 2002 до 2006-та година. На крај пред да отпочне градбата и откако владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди средства, ревизијата го одобри изработениот проект. Ова е совршено јасно дека СДСМ е фатена во офсајд и зад прекинот се крие неспособноста на СДСМ да се носи со конкретниот проект и нивната одлучност да прават криминал од понатамошна нивна реализација.

Како е возможно изградбата да тече без прекин неколку години, а сега откако СДСМ е на власт уште во првиот месец да застане. Тоа е индикатор дека се подготвува голем криминал кој ќе заврши во џебовите на газдите на СДСМ-реагира ВМРО ДПМНЕ.

Сакаме да порачаме, дека кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе продолжи со градбата со автопати и ќе го догради автопатот кој сега СДСМ го блокираше-изјави Стефановска.