ВМРО ДПМНЕ:На Спасовски му е поважен мерцедесот од два млади животи

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ од пред МВР гоовика министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да го разреши новиот началник на СВР Струмица и да даде објаснување за немилиот настан во кој настрадаа двајца малолетници откако полицаец во обид да ги уапси, стрелаше со пиштол во нив:

,,Ова е местото каде што Оливер Спасовски го направи најсрамниот прес во историјата на македонската полиција. Викаше десетици медиуми под контрола на СДСМ и Сорос само да се пофали дека мерцедесот во кој се возат Заев и неговите гости не го испрал две недели.

Спасовски правеше спектакл од неиспран автомобил, а сега се крие и го нема да изусти барем збор на сочувство за двете деца кои беа застрелани заради непрофесионалноста и неспособноста на неговата партиска полиција.

16 годишно момче уште се бори за живот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, а Оливер Спасовски се крие и не одговара на барањата за смена на началникот Трајанчо Пројковски одговорен за полицијата која скандалозно пукаше во деца.

Ова е најдобар показател за лицемерието и животот што го најавуваше Заев. Поважен му е мерцедесот, отколку два животи на две деца, застрелани токму заради неодговорното и непрофесионално работење на нивните партиски кадри“-изјави Ѓорѓиевски..