ВМРО ДПМНЕ: Агенцијата за обезбедување ,,Омерта Секјурити“ е партиска полиција на СДСМ

 

,,МВР се стави во заштита на убиецот на Мартин Јанушев, кој е криминалец близок до врвот на власта, истиот според гласините кои кружат во јавноста и објавени во медиумите е и еден од сопствениците на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“, за која важи дека е блиска до Вице Заев, брат на Зоран Заев“-реагираше ВМРО ДПМНЕ.

Според оваа партија, спорната „Омерта секјурити“ делува како партиска полиција на СДСМ, влегува по објекти, заплашува и изнудува.

ВМРО ДПМНЕ потсетува дека и по 11 дена од убиството на Мартин Јанушев, МВР со одолговлекување на истрагата овозможи убиецот да избега. Дали е ова одговорност само на потпретседателот Оливер Спасовски кој е министер за внатрешни работи или тоа го прави по наредба на Зоран Заев, прашуваат од оваа партија?

,,Направени се сериозни пропусти во истрагата. МВР не превземала основни истражни дејствија и дејствија за спречување на бегство. МВР нема фото робот на убиецот, по кого трага, иако убиството е случено на сред бел ден на фреквентна локација и место на кое има повеќе безбедносни камери.

МВР со своето неделување е директен соучесник и помагач во бегствотото на убиецот. МВР не само што не превземале нужни дејствија во текот на првичната фаза, туку и не распиша меѓународна потерница.

Зошто е дозволено да избега сторителот на свирепо убиство? Зошто МВР дозволи убиецот да смисли план за избегнување на правдата.

Јавноста се повеќе зборува дека се изготвува сценарио за спас на вистинскиот убиец, со тоа што ќе се плати некој ситен уличен криминалец да ја превземе вината за свирепото убиство, наместо убиецот кој што е близок до врвот на власта“-тврди ВМРО ДПМНЕ.