ВМРО ДПМНЕ: Амнестираните криминалци пустошат по улиците

,,Криминалците кои ги ослободи СДСМ со амнестијата пустошат по улиците на Скопје.

Во Скопје криминалот завладеа на улиците. Граѓаните секојдневно се жртви на насилници, дилери, ограбувачи и криминалци. Црната хроника во медиумите се повеќе се полни со случаи каде граѓаните се малтретирани и ограбувани од криминалците што ги ослободи владата на СДСМ.

Како резултат на амнестијата која ја спроведе владата на СДСМ и Зоран Заев околу 1.000 криминалци беа пуштени на улица. Граѓаните на своја кожа веќе ги чувствуваат последиците од оваа катастрофална одлука“-реагира ВМРО ДПМНЕ.

Оваа партија објави примери за кривични дела извршени од ослободени затвореници:

  • Само три часа му биле потребни од пуштање од затвор до ново разбојништво на 21 годишно лице со прекар Оревче. Тој бил затекнат од сопственикот на куќата која што ја ограбувал, кого физички го нападнал и го претепал.
  • Сличен е случајот и со 37 годишно лице кое во Идризово долги години издржувал казна затвор за повеќе кривични дела, како кражби, тешки кражби, разбојништво, кражба на возило и дрога. Уапсен бил од страна на полицијата во населбата Ново Лисиче, каде што извршил дрска кражба а се обидел да изврши и разбојништво.
  • Зад решетки повторо завршила и осуденичка која била амнестирана за дрога, тврдат од оваа партија.