ВМРО ДПМНЕ бара Заев да се откаже од намерата Александар Обрадовиќ од Србија да го именува за директор на ЕЛЕМ

На Заев му треба мешетар како Обрадовиќ, за да ја обезвредни државната компанија ЕЛЕМ, па потоа да ја продаде како бонбона бизнис-реагираше ВМРО ДПМНЕ на шпекулациите во јавноста дека Александар Обрадовиќ од Србија, поранешен директор на српското електростопанство, ќе биде имануван за директор на македонската државна компанија ЕЛЕМ. Во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ се вели:

,,Македонија стана тема за потсмев во Србија поради катастрофалните кадровски одлуки кои ги носи Зоран Заев. Сите се прашуваат како е возможно Зоран Заев великодушно да му доделува државјанство и да го планира за директор на ЕЛЕМ, човекот кој бил набркан од позицијата директор  на Електропривреда на Србија поради хедонизам, луксуз и неодговорно работење.

Српските медиуми се прашуваат како е можно  човек кој е сменет од челото на ЕПС заради спорна набавка на луксузни возила да добие ангажман во Македонија.

Имено Зоран Заев без тронка срам ја потценува целокупната фела во Македонија и планира да го именува Обрадовиќ, човек кој во сред мерки за штедење набавувал екстремно скапи возила, кој правел промашени тендери со милионски штети, кој неодговорно работел и ангажирал за баснословни хонорари ТВ ѕвезди.

Овие информации за Обрадовиќ ги пишуваат српските медиуми и изгледа сите ги имаат прочитано, освен Зоран Заев. Или уште полошо и тој ги има прочитано но и има проценето дека токму ваков мешетар му треба да ја прво да ја унакази ЕЛЕМ, а потоа да ја продаде како бомбона бизнис. ЕЛЕМ е фирма која управува со хидроцентралите во Република Македонија, фирма која управува со термоцентралите, ветерници, и голем број стопански субјекти, фирма која во себе има вработено  4800 граѓани на Република Македонија. Премногу е сериозно некој да си поигрува со судбината и иднината на оваа фирма.

Овие стравови се оправдани имајќи го во предвид беграундот и на Обрадовиќ, но и на Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека еден погрешен кадровски избор како што е Обрадовиќ може да ја урниса најголемата државна фирма ЕЛЕМ која има капитално значење зa Македонија и македонската економија. Оттука бараме Зоран Заев и неговата влада веднаш да се откажат од намерата да ангажираат странец од типот на Обрадовиќ, бидејќи тоа ќе ја доведе во ситуација Македонија да биде тема за потсмев во регионот, а уште пострашно да ја доведе во прашање позицијата на ЕЛЕМ како енергетски столб на Република Македонија.“