ВМРО ДПМНЕ бара неотповиклива оставка од претседателот на ДИК

 

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш бара неотповиклива оставка од страна на претседателот на Државната Изборна Комисија, Александар Чичаковски затоа што имавме скандалозно спроведени избори во Република Македонија.

Тоа го констатираа и граѓаните преку масовно присуство на полицијата, преку избирачки ливчиња во Кисела Вода беа наоѓани од  Карпош, од Карпош во Кавадарци, од Кавадарци во Битола, од Битола во Велес, избирачки ливчиња беа наоѓани важечки низ целата територија на Република Македонија. Тоа е толку голем пропуст со кој што претседателот на ДИК, веднаш неотповикливо треба да поднесе оставка- рече Влатко Ѓорчев.

.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија веднаш и неодложно бара оставка од страна на Александар Чичаковски за претседател на ДИК, затоа што Државната Изборна Комисија катастрофално ги спроведе изминатите локални избори во Македонија затоа што ДИК е испостава на СДС, затоа што имаме директен сомнеж од околу 3.000 избирачки места во 922 избирачки места тоа е нотирано и напишано во извештајот на ОБСЕ.

Ако имаме проблематични и сомничави избори во 922 избирачки места тогаш тоа зборува дека ние имаме скандалозен, катастрофален и нерегуларен избирачки процес-рече Ѓорчев.