ВМРО ДПМНЕ: Владата на СДСМ не набавува лекови против маларија

ВМРО ДПМНЕ денеска реагира затоа што, според нив, Владата на СДСМ си поигрува со здравјето на граѓаните.

,,Неколку месеци не се набавуваат таблети и лекови за опасната болест маларија.

Никакви оправдувања нема да ја амнестира од одговорност владата за недостапноста на лекот против маларија во државата.

Заради негрижата на владата, граѓаните кои се засегнати да ги примаат овие лекови мораат да одат во некоја од соседните држави за да ги купат.

Очигледно ништо не се остварува од ветувањата дадени пред изборите од страна на СДСМ.

Ветуваа подобро, подостапно и бесплатно здравство, ветуваа живот, ветуваа 100.000 денари плата за докторите, а очигледно и после шест месеци не можат да набават ниту еден лек против маларијата. Новороденчиња умираат, а не се презема ништо. Секојдневно читаме по медиумите се потрагични случаи на медицинска негрижа по болниците.

Шест месеци нема ниту еден проект и инвестиција во здравството, дури за сметка на тоа СДСМ ја стопираа и изградбата на клиничкиот центар во Скопје кој требаше да биде најмодерен според сите стандарди.

Граѓаните се оставени на милост и немилост од страна на владата на СДСМ. Ваквиот неодговорен начин на владеење и раководење со здравствениот сектор граѓаните ги чини живот“-реагира ВМРО ДПМНЕ.