Никола Тодоров се уште ги врши функциите  Министер за здравство и Вицепремиер иако тој истовремено е и пратеник во Собрание на РМ. Тој не е единствен во Влада кој не ја отстапува функцијата иако имаат подигнато сертификати за пратеници. И Емил Димитриев кој е исто така избран за пратеник се уште е премиер, потоа, Никола Поповски, Елизабета Канчевска- Милевска исто така се и пратеници и владини функционери. Ова не е првпат во меѓупериодот додека не е формирана новата Влада да има дуализам во извршување на должностите, што според професори на Уставно право се коси со Уставот.

Од друга страна, ВМРО ДПМНЕ инвестициите во здравството на пример, нови апарати на Клиника за токсикологија ги присвојува како партиски успех и ги промовира на официјалната интернет страница на партијата.

Всушност она за што се платени функционери во Владата и тоа им е работа, партијата го претставува како вонреден партиски успех. Со едноставна злоупотреба не се прави одвојување на партијата од државата, туку според девизта партијата и државата , тое а е едно исто, се прави политичка пропаганда со државни пари.

Тодоров се пофали дека се набавени голем број нови апарати  и донесени на Клиниката за токсикологија, а најголем дел од нив се ставени во функција.

,, Станува збор за опрема во вредност од 11,5 милиони денари (околу 180 илјади евра).Ова денеска го изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој денеска ја посети Клиниката каде се сретна со менаџментот на таа јавна здравствена установа,,- се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.