ВМРО ДПМНЕ го повика вицепремиерот Анѓушев да се спротистави на ,,увозот“ на кадар од Србија за директор на ЕЛЕМ

За СДСМ и за владата на Заев не преставува никаков проблем што мешетар и неуспешен кадар од Србија ќе биде увезен по итна постапка за директор на најбогатата државна фирма ЕЛЕМ.

Го повикуваме вицепремиерот Кочо Анѓушев да не молчи и да не изигрува безгласна буква во Владата. Тој како познавач на темата енергетика треба да искаже цврст став и да спречи еден ваков сомнителен лик кој во Србија го поврзуваат со промашени тендери, луксузи и неодговорност да стане директор на столбот на македонскиот енергетски систем.

Кочо Анѓушев треба да застане на страната на македонската професорска и експертска  фела од областа на енергетиката, бидејќи именување на српски државјанин кој е набркан од раководна функција на Електропривреда на Србија е само девелвација на нивното знаење и искуство-реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

 Со молкот на Анѓушев стравот на граѓаните станува се поголем дека именувањето на еден лик од типот на Александар Обрадовиќ има за цел да го доведе ЕЛЕМ до дереџе од кое единствен излез ќе биде приватизацијата.

Македонските хидроцентрали и термоелектрани, 4.800 вработени и 98% од домашното производство на струја ќе бидат доведени во прашање-се вели во реакцијата од оваа партија.