ВМРО ДПМНЕ започна со негативната кампања во пресрет на локалните избори(видео)

ВМРО ДПМНЕ веќе започна со платена политичка програма, иако до официјалниот старт на изборната кампања за локалните избори има уште десетина денови.

На некои портали, меѓу кои и на пренесувачот на вести time.mk , се врти видео спот со прашање ,,За ова ли гласавте“, а се однесува на потпишаниот Договор за добрососедство со Бугарија. Со препознатливиот длабок глас од сите црни кампањи на ВМРО ДПМНЕ досега, на сите изборни циклуси, и со морбидна музичка илустрација, која треба да го засили негативниот ефект и чувство кон Заев,во спотот партијата прави компилација на изјави, со негативен контекст и алузија дека Заев ги предал националните интереси:

Веќе е извесно дека ВМРО ДПМНЕ овие локални избори нема да оди во преден план со својата понуда, туку со оцрнување на политичкиот противник. Може да се претпостави дека следни теми се мигрантите, тиранската платформа, вработувањата…