ВМРО ДПМНЕ: Невиден скандал е тендерот од 2,6 милиони евра што си го додели Анѓушев

,,Скандал од невидени размери е тоа што вицепремиерот во владата на Заев и Социјал-демократскиот сојуз, Кочо Анѓушев, си доделил преку државната ЕЛЕМ тендер во износ од 2.6 милиони евра на фирмата која е во негова сопственост „Фероинвест“.

Ваквиот криминален тендер покажува дека Кочо Анѓушев само го пресликува работењето на неговиот ментор Зоран Заев кој преку општина Струмица ја празнеше општинската каса-изјави Светлана Колариќ од ВМРО ДПМНЕ.

 

Неиздржано и потценувачко е правдањето на милионерот Анѓушев дека тој не бил управител туку само сопственик на фирмата „Фероинвест“. Тоа значи дека парите повторно завршуваат во неговиот џеб.

Внимавајте, криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе овозможи вицепремиерот Кочо Анѓушев да го зголеми своето богатство на над 30 милиони евра. И тоа на грбот на граѓаните на Република Македонија.

Очигледно дека криминалната влада на Социјал-демократскиот сојуз ја интересираат само тендерите и енормното богатење на клановите на власт. Анѓушев единствено се грижи за профитот на своите фирми, бидејќи за работа во интерес на граѓаните видовме дека не го бива-рече Коларова.