ВМРО ДПМНЕ: Рашковски си ја постави бабата за претседател на второстепена владина комисија

,,Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски ја поставил бабата за претседател на второстепена владина комисија.

Имено Елена Начевска, која е мајка на Вероника Начевска, сопругата на Драги Рашковски е избрана за претседател на Комисијата за жалби, што покажува дека непотизмот во владата на Заев и СДС добива невидени размери-изјави Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ.

,,Неодговорниот и неспособен СДС; ја третира државата како да е негова приватна сопственост и на скандалозен начин ги става институциите и целиот државен апарат под капата на луѓето кои се блиски до Зоран Заев.

СДСМ создава систем кој ќе работи единствено за нивните интереси и за луѓето во нивното опкружување. Наместо професионализација како што ветуваа сега може да видиме само партизација.

Со ставањето на партиските кадри пред професионалните СДСМ целосно ги уништува институциите во Република Македонија и покажува дека немаат намера да работат за доброто на граѓаните.

Јавноста претходно беше запознаена дека Драги Рашковски го ангажираше неговиот кум, адвокатот Дејан Костиќ за адвокат на Генералниот Секретаријат на владата. Со тоа кумот на Рашковски доби овластување да ги работи сите правни работи во владата, како што се кадровски смени, решенија, свикување седници, изготвување информации и да сее страв по институции и да се заканува.-велат од оваа партија.