ВМРО ДПМНЕ сочувствува со бегалците, но нема место за нив во Македонија

,,Власта креира хаос и неизвесност. Во налетот на брзоплети „реформи за живот“, неспособната влада на премиерот Заев ја предложи и Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 како и Акциониот план.

Деновиве, странските и домашните медиуми јавуваат за одлуката на Европската Унија да ги врати мигрантите назад во земјата на прв влез. Би сакале јавно да ја прашаме министерката Царовска и премиерот Заев, дали имаат сознанија колку бегалци ќе се вратат назад преку нашата држава и дали Република Македонија е подготвена за тој процес?“-праша Анета Стојановска Стефанова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

,,Досега министерката не се одважи да и’ погледне во очи на јавноста и да ја образложи нацрт-стратегијата како и да одговори на прашањата како државата ќе вработува бегалци и странци кога сеуште 218 илјади граѓани, внимавајте 218 илјади граѓани на Република Македонија бараат работа?

Да не бидеме разбрани погрешно, да не бидеме обвинети за ксенофобија би сакале да нагласиме дека ние како ВМРО-ДПМНЕ искрено сочувствуваме со болката на бегалците кои бегаат од воените жаришта, но должни сме да нагласиме и дека Република Македонија едноставно нема ресурси за нивно трајно згрижување.

Јавноста очекува одговор и има право да знае ако Стратегијата и  Акциониот план се необврзен „патоказ“ како што изјави министерката Царовска, зошто тогаш во овие документи, а тоа се Стратегијата и Акциониот план зошто  се предвидуваат следниве работи:

  • Да се зголеми обемот на социјални станови достапни за сместување за бегалците.
  • Да се подготват наставни програми за интеграција на бегалците или курсеви за ориентација кои вклучуваат информации за социјалниот и културниот живот, за историјата како и за политичкиот систем во Македонија.
  • Со цел зголемена вработливост на бегалците односно обезбедување работа потребно е согласно оваа Стратегија и согласно овој Акционен план да се подготви и образовен модул односно да се одржуваат часови кои што ќе бидат прилагодени за странците.
  • Исто така Акциониот план предвидува да се обезбеди формална рамка за протоколот за признавање на универзитетските дипломи и признавање на научните квалификации на бегалците и странците. Се разбира ако овој акт е привремен тогаш не би требало да има вакви мерки кои што трајно ги решаваат овие прашања, а помагаат бегалците да бидат вработени во нашата држава. Во која што нагласуваме невработеноста достигнува рекордни 218 илјади граѓани односно 22,9 отсто.
  • а се овозможи одобрен пристап за стекнување државјанство на лицата под супсидијарна заштита и признат статус на бегалец.

Значи ова се мерките кои што предвидуваат олеснување за стекнување на државјанство на Република Македонија за бегалците и странците согласно оваа нацрт Стратегија.

Покрај овие, почитувани новинари, предвидени се и многу други мерки со прецизни рокови, обврски, задолженија на институции во владата кои што ќе бидат задолжени за реализација.

Оттука, јавно прашуваме што е привремено во овие документи, ако трајно се регулира статусот на бегалците и на странците?

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека ние сочуствуваме со болката на бегалците кои бегаат од воените жаришта, но приоритет на било која влада вклучително и на оваа мора и треба да бидат граѓаните на Република Македонија, а политичарите треба да се стават служба и во интерес на сопствените граѓани. Нагласуваме дека Република Македонија согласно своите ресурси може да биде единствено транзитна земја, а не земја за траен претстој каде бегалците, мигрантите и странците би се населувале, би се вработувале, би добивале државјанства, станови, едукации, и други поволности.

Оттука, со ниво на невработеност од 22,9 отсто, да се прифати трајно населување на десетици или пак на стотици илјади мигранти, би било сериозен удар на сите досегашни напори за економска стабилност и намалување на невработеноста на граѓаните на Република Македонија, а и самите бегалци, странци и мигранти ќе имаат сериозни потешкотии во добивањето работа и во самата егзистенција во земја со двоцифрена стапка на невработеност“-рече Стефанова.