ВМРО ДПМНЕ ќе се спротистави на донесувањето на Законот за јазици

,,Во име на сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Кoлицијата „За подобра Македонија“ како најбројна група во Собранието на Република Македонија, сакам остро да регирам на грубите прекршувањња на процедурите поврзани со донесување на Законот за двојазичност и за двојазична федерализација на Република Македонија, којшто денеска парламентарното тенко мнозинство на чело со Талат Џафери, спротивно на огормен број деловнички одредби во деловникот за работа на Собранието на Република Македонија се обидува да го протурка спротивно на праксата и спротивно на регулативите “-рече Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ.

Прекршен е член 118 став 4, кој што предвидува дека со одлука за основање на работните тела и анкетните комисии се утврдува делокругот  и бројот на членовите на комисиите. Ние имаме одлука со која што како деловник и надлежност на Комисијата за политички систем  и односи меѓу заедниците, меѓу другото е предвидено и правото на употреба на јазици и писма на заедниците.

Оваа Комисија од страна на Џафери не беше прогласена за матична комисија, иако одлуката и Деловникот наложуваат дека тикму оваа комисија да биде матична комисија, спротивно на оваа одлука и споротивно на Деловникот за работа на Собранието, матична комисија беше прогласена Комисијата за европски прашања, која што никогаш досега не била прогласена за матична комисија за закон од ваков обем и ваква проблематика.

Понатаму е прекршен член 135 став 4 , кој што предвидува дека кога предлог на закон содржи одредби со кој се врши усогласување со правото на ЕУ во воведот на Законот се наведуваат и податоци за изворниот акт на ЕУ, со полн назив број и датум.

Во воведот на овој предлог закон не постои изворен акт, не е наведен изворен акт на ЕУ со полн назив, број и таму поради тоа што таков правен акт на ЕУ воопшто и не постои, но значајно е што во членот 135 со ова прашања и со неколку други прашања се регулира комплетноста на поднесокот на предлог закон во процедура на Собрание.

Значи ова е неопходен услов за да може да се смета дека законот е комплетен и во согласност со Деловник за понатамошна постапка, затоа членот 136 кој што е исто така пркршен, предвидува дека ако предлог на закон не е подготвен во согласност со одредбите на овој Деловник, а видовме дека не е според член 135 став 4. Според законот за нас колегата Џафери пред да го достави до пратениците ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите од овој деловник, што не е направено. Значи нема никакво барање од страна на Џафери до Владата и до Министерството за правда за усогласување со одредбите на овој деловник.

Ако предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена што не е направено се смета дека предлогот на законот не е поднесен.  Значи нити е упатено писмо од Џафери до предлагачот за отстранување на недостатокот кој што претходно го кажав ниту пак недостатокот е отстранет-рече Димовски.

,,Дозволете ми да најавам дека ќе ги користиме сите возможни уставни, правни, законски и деловнички можности за да се спротиставиме на носење закон кој што нема да донесе ништо добро за Република Македонија туку ќе воспостави двоен правен систем, двојно општество, двојна јазична федерација“-изјави тој..