Да не е трагично, би било смешно, -е стара македонска излитена поговорка. Но, ете навистина е така. Перверзија без ограничување. Сите со автомобилите тргнале на чист воздух. Бог да чува! Дури не можат ниту да се разминат меѓу себе. Секојдневно се жалат на енормно загадениот воздух во градот, а загадувањето го носат со себе и на белите дробови на Скопје-Водно. Свесните граѓани бараат акција на градските власти:

,,Ова е Водно денес(05.11.2017). Имам прашање до градските власти. Не дали туку кога и како ќе го решите овој ХОРОР што и се случува на планината? Викенди да се забранат коли на Водно. Мислам дека има доволно луѓе и што би покренале и што би поддржале таква иницијатива. Планината е едноставно таа, просторот е тој, место за сите овие НЕМА. Нема. Дали разбирате? Не-ма. Рампа доле, патот затворен. Фала.“-напиша на својот ФБ профил Јована Тозија.

АКО.мк