Телевизија Алсат-М објави видео снимка на која се гледа влечењето на претепаниот Зијадин Сила низ собраниските ходници.

Села е целиот во крв и со изгубена свест поради што насилниците мислеле дека е мртов.

Снимката завршува со гласот на некој од насилниците кој прашува „Кај е Заев? Заев ни треба“.