Во Албанија живеат единствено Македонци, бугарско малцинство не постои!

Во просториите на албанскиот законодавен дом одржана е јавна расправа околу Нацрт- законот за заштита на малциствата,на која учествувал шефот на дипломатијата Дитмир Бушати, како и претставници на малцинставата чие постоење се признава со овој документ. На јавната дебата прсуствувал и претставник на здружението за бугарско-албанско пријателство.

„Бугарија бара малцинство во Албанија, но против ваквите тврдења не беше само шефот на дипломатијата Дитмир Бушати и преставникот на Македонците. Во Албанија не постои бугарско малцинство. Тоа е деформација на историјата и на вистината. Во Преспа, Гора, Голо Брдо каде се претендира дека наводно има бугарско малцинство, живее единствено македонско национално малцинство. Ова барање на Бугарија е во рамките на нејзниот проект за „Голема Бугарија“. Доколку се признае бугарско малцинство тоа ќе биде геноцид врз Македониците“,- посочил Васил Стерјовски, претставник на Македонците.  

Министерот Бушати оценил дека ова поглавје, во овој миг, за Албанија е завршено. Од 1945 годна, кога е спроведен првиот попис на населението, па се до последниот во 2011, нема друго малцинство освен оние кои се внесени во законот, Македонци, Грци, Срби, Црногорци, Власи, Роми, Египќани и Бошњаци, – категоричен е Бушати.

Ервин Талури, потретседател на здруженето за бугарско-албанско пријателство повторил дека нивните здруженја бараат да се признае постоење бугарско малцинство,на што остро реплицирал Стерјовски.

Се формраат нови здруженија на наводни Бугари во Албанија. Овие здруженја даваат бугарски пасоши, но не само на Македонците туку и многу други албански граѓани стануваат Бугари само за да заминат во западно европските земји,-реплицирал Стерјовски.

На тоа министерот Бушати нагласил дека многу албански граѓани имаат италјански пасоши, но тоа не значи дека Италија треба да бара италијанско малцинство во Албанија. Законот за заштита на малцинствата во Албанија парламентот треба да го изгласа на 19 октомври. 

Извор:Весник-Илинден