Во Брисел се одржа средба Могерини-Заев

Во Брисел, пред неформалната вечера што ја закажа високата претставничка за надворешна политика н ЕУ Федерика Могерини, се одржа одвоена средба со мандатарот Зоран Заев. Заев е повикан на вечерата со уште 5 Премиери на земјите од Западен Балакн, а на овој начин Брисел покажа со кого ќе соработува во иднина. Тоа е Владата на Зоран Заев која, според најавите , треба да биде објавена до крајот на неделава.

Претходно, на прес конференција, Могерини рече дека идејата е заеднички да се направи стратешки план за соработка.

-Во иднина нема да работиме за нив, туку со нив-рече Могерини.