Во Бундесвер откриени исламисти!?

Меѓу германските војници откриени се повеќе од 20 исламисти, додека 60 се осомничени, пишува весникот „Берлинер моргенпост“, повикувајќи се на припадници на германската контраразузнувачка служба.

Проверката се врши поради терористичките напади во Париз и Брисел, наведува весникот.

Како мерка за борбата против појавата на екстремисти во редовите на германската војска, германската министерка за одбрана Урсула ван дер Лајен предложила закон според кој секој кандидат за стапување во вооружените сили треба да помине детална проверка за да се елиминира неговата припадност кон исламистите.

Соопштено е дека законот ќе стапи на сила во 2017 година.

До сега проверувани беа само активните војници.