61 милион гласачи, германски државјани, денеска ќе гласаат за избор на нов канцелар и ќе одлучат дали и во наредните години Германија ќе ја води Ангела Меркел или Мартин Шулц.

Прогнозите се дека Меркел ќе го добие својот нов 4-годишен мандат, со што ќе се изедначи по должината на премиерскиот мандат со еден од најпопуларните политичари на сите времиња во оваа земја, Хелмут Кол, чиј политички ученик е токму Меркел.

Гласачките места ќе бидат отворени до 18 часот.

За овие парламентарни избори во Германија има огромен медиумски интерес.(насловна фотографија)