Во експлозија крај автобусот на фудбалерите на Борусија Дортмунд повреден Марк Бартра

Автобусот со кој се превезувале фудбалерите на Борусија Дортмунд вечерва, најверојатно, беше цел на терористички напад. Во експлозија е повреден фудбалерот Марк Бартра кој  со својата екипа  патувале кон стадионот на фудбалскиот клуб каде требаше да играат натпревар од четфртфиналето на Лига на шампиони со фудбалскиот клуб Монако.
Како што јавуваат германските медиуми, се слушнале три експлозии во близина на автобусот од кои испукале сите стакла, а Бартра се здобил со  исеченици по телото. Тој е префрлен во болница, а другите фудбалери се евакуирани на безбедно место.
Натпреварот е одложен за утре.