Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен објави снимка на која се слуша како се извршува лицитација за продажба на двајца мигранти од Нигерија. Снимката е направена на непозната локација во Либија, а на неа се слуша како купувачите лицитираат од 800, 900, 1000 па до 1.200 либиски динари за еден од двајцата мигранти, рекламиран како јак и силен за работа на фарма.

 

Новинари на оваа тв куќа тврдат дека снимката е автентична, а некои од нив уверуваат дека присуствувале на вакви лицитации кои редовно се одржуваат во Либија. Секоја година во оваа земја пристигнуваат десетици илјади мигранти од Африка кои транзитираат на пат кон Европа.
Снимката им е предадена на властите во Либија, ки ветиле дека ќе спроведат истрага.