Во минатото 37 фирми од Скопје биле амнестирани од присилна наплата на данок

 

Во изминатите две години, односно во  периодот 2015-2016 година, 37 фирми од Скопје , приватни и државни правни субјекти, биле отстранувани од редовните законски постапки за присилна наплата на милионски долгови. Утврдено е дека свесно и намерно се изземени фирмите од постапка на наплата. Фирмите биле ставени во привилегирани позиции, а овие одбрани фирми биле ставени во систем со посебен налог, што овозможувал одложување на присилното наплаќање. Повеќе од две години се одолговлекувало испраќањето опомени, што всушност е почеток на процедурата за присилно наплаќање на данокот. Дел од фирмите и покрај привилегираната позиција, биле ставани на листата должници.

Според директорката на УЈП Сања Лукаревска, станува збор за амнестија за плаќање данок на штета на буџетот на РМ. Лукаревска вели дека никој не смее да биде амнестиран, но и дека не смее да ги открие имињата на фирмите. Таа најави истрага и постапки за дисциплинска одговорност за вработени во УЈП кои биле инволвирани во овие незаконски постапки.

Засега само двајца вработени се опфатени со дисциплинска одговорност кои незаконското работење го правеле во информатичкиот систем.