Во недела жена за првпат ќе суди во Бундеслигата

 

Во недела, на натпреварот од третото коло од Бундеслигата, помеѓу Херта (Берлин) и Вердер (Бремен), Бибиана Штајнхаус ќе биде првата жена што ќе суди натпревар од германското првенство.

38-годишната Штајнхаус судеше на натпревари од второто по ранг натпреварување во Германија во последните 10 сезони. Во мај таа беше избрана за вкупно 24 судии за германската елита. Исто така таа судеше натпревари на Светското првенство во 2011 година, како и на Летните олимписки игри една година подоцна. Оваа сезона Штајнхаус беше глaвен судија на средбата од Германскиот фудбалски куп меѓу Баерн Минхен и Хемницер на стартот на оваа сезона.