Во новогодишната ноќ ограбен домот на Кежаровски

„Двата лаптопа на Томче се земени, мобилен со германскиот број е земен, а другите постарите не се земени. Таблет не, компјутерот на ќерка ми не, погодете сами што барале. Во собата на ќерка ми само претурале, одземени се два часовници и две ланчиња. Од мене земен е часовник и алка. Грабеж ама и не треба да личи многу на грабеж, нели?“, напиша на фејсбук сопругата на Кежаровски, Марина Кежаровска.

На ден 01.01.2018 година во 04,00 часот утринава Т.К. од Скопје  пријавил во Полициската станица од општа надлежност Аеродром дека во тектот на ноќта непознат сторител преку балконска врата влегол во неговата куќа на улица “Жорж Бизе“, при што направил претурање по собите и притоа одзел два лаптоп компјутери, два рачни часовника, една нараквица и еден мобилен телефон. Увидна екипа извршила увид на лице место и се работи на расчистување на случајот, соопшти МВР.