Во општина Аеродром наутро во училишните дворови се уште се пушта државната химна

Жители на општина Аеродром реагираат дека секој понеделник, наутро, во училиштата на разглас се пушта и ечи државната химна.

Но, како што велат, сега учениците не се стројат за да ја ислушаат , туку тие се внатре во училниците, но химната свири.

Оваа пракса во 2014 година ја воведе тогашната Влада предводена од Никола Груевски со министер за образование Спиро Ристовски, со образложение дека така ќе ја јакнат националната и патриотска свест кај децата. Истовремено на јарбол се креваше македонското знаме. Многу од родителите негодуваа, затоа што децата мораа и во зима, на студено, рано наутро мирно да стојат во училишните дворови за да ја слушаат химната. Но, речиси никој не сакаше јавно да се спротистави на овој чин.

Еве како изгледаше еден таков час по патриотизам во ОУ,,Лазо Ангеловски“.

Во Законот за употреба на знаме, грб и химна, никаде не пишува дека е задолжително или дека може или треба да се пушта државната химна во школски дворови, а учениците да се редат во став мирно и да слушаат. Истото се однесува и на кревање на државното знаме.

Интересно е мислењето на Павле Васкопулос, Македонец по потекло, кој живее во Грција и кој долги години како потомок на протерани Македонци се бореше за правата во оваа земја.

Тој вели дека последните години во Македонија се случува лоша копија на Грција. Додава дека во Грција свирењето химна и строењето пред националното знаме во училиштата е задолжително, ако врне тоа се прави внатре во секоја училница. Дополнително, децата мора да се прекрстат.

АКО.мк