Во ОУ ,,Гоце Делчев“ осамнаа налепници за наводни казни за незнаење албански јазик

Родители утрината биле непријатно изненадени кога ги донеле своите деца на настава во ОУ,,Гоце Делчев“ во Скопје, општина Центар. На влезната врата од училиштето имало налепници кои треба да ги збунат и родителите, но особено децата, затоа што на налепницата е испишано дека секој што не го знае албанскиот јазик ќе мора да плати казна од 5.000 евра. Згора на ова, налепницата е изработена како препознатливите налепници на СДСМ за време на изборната кампања, на кои стоеше слоганот ,,Живот“ и кои се уште може да се видат низ градот на различни места.

Некои од родителите реагираа на ФБ и побараа помош од градоначалникот на Центар Андреј Жерновски да реагира и да ги заштити нивните деца од ваква опасна и недозволена политичка манипулација.