Во САД неизвесно до крај

При водство на републиканскиот кандидат со 244 електорски гласови наспроти 215 за демократскиот кандидат до овој момент, до крај останува неизвесен исходот од претседателските избори во САД- Доналд Трамп или Хилари Клинтон во Белата куќа

Овој резултат е изненадување за сите, а аналитичарите констатираат дека сите 10 агенции кои го мереа расположението пред гласањето-погрешиле.

И во изборните штабови на Клинтон и на Трамп се уште владее воздржаност, иако трамповите подржувачи се расположени, а подржувачите на Хилари тажни.

Се чекаат резултатите до последен час од Њу Хемпшир, а Трамп го освои Винконсин, Клинтон Невада.

На Трамп му требаат уште 27 гласови, а на Клинтон 56.

Извесно е дека републиканците ќе добијат мнозинство и во Сенатот.