Во близина на Зелениково – скопско, успешно е спроведена голема акција за заплена на бесправно исечено огревно дрво. Станува збор за масовна акција во која учествуваа Шумската полиција, СВР Скопје и шумочуварската служба на ЈП “Македонски шуми“ – ПШС “Караџица“. Во оваа акција запленети се меѓу 70-100 m³ дрва.

Информацијата е објавена на портал Шумарите ,  но за да биде успешна акцијата, треба да бидат откриени и сторителите, се наведува во информацијата.

Фотографиите се направени од  Стојанче Продановски,  реонски шумочувар вработен во ПШС “Караџица“.