Во Србија се избира Претседател на државата

Во Србија се одржуваат претседателски избори, на кои право на глас имаат 6.724.949 гласачи, кои ќе можат да гласаат на 8.396 гласачки места.

Граѓаните со право на глас ќе може да избираат меѓу овие  11 кандидати:

1. Саша Јанковиќ (предложен од група граѓани)

2. Александар Вучиќ (Српска напредна партија и други партии од владејачката коалиција)

3. Вук Јеремиќ (група граѓани)

4. Мирослав Паровиќ (Народно слободарско движење)

5. Саша Радуловиќ (Доста беше)

6. Лука Максимовиќ-Бели (група граѓани)

7. Бошко Обрадовиќ (движење Двери)

8. Војислав Шешељ (Српска радикална партија)

9. Александар Поповиќ (Демократска партија на Србија)

10. Милан Стаматовиќ (група граѓани)

11. Ненад Чанак (Лига на социјалдемократите на Војводина).

Ако ниту еден кандидат не добие мнозинство од гласовите во првиот, вториот круг на изборите се одржува во рок од 15 дена. Во вториот круг  учествуваат двата кандидати кои добиле најголем број гласови, при што на гласачкото ливче прв ќе биде кандидатот кој на првото гласање добил најмногу гласови.

За претседател на Србија ќе биде избран кандидатот кој во вториот круг ќе добие најголем број гласови. Мандатот на претседателот на Република Србија почнува со давање заклетва во Собрание на РС и   трае пет години.