Во тепачка е убиен светскиот првак во кревање тегови Андреј Драхјов

Светски првак во кревање тегови, Русинот Андреј Драхјов, почина од повредите здобиени во тепачката со ММА борецот Анар Алекверанов, пред едно кафуле во рускиот град Хабаровск.

До инцидентот дошло кога и двајцата во алкохолизирана состојба решиле да се пресметаат откако започнале кавга кој спорт е посилен, кревањето тегови или ММА боксот.

Овојпат не во рингот, туку во улична тепачка изгуби плаќајќи со живот, кревачот на тегови. Тој доби смртоносни удари додека лежел раскрварен на улица. Полицијата го уапси Алекверанов.