Во тешка сообраќајка кон Водно загина 23-годишно момче од Скопје

На 24.12.2017 година во 03,13 часот пријавено е дека на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје, во близина на основното училиште „Кочо Рацин“, се случила сообраќајна незгода во која Д.С.(23) од Скопје управувајќи возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки удрил во столб. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатникот А.Н.(23) од Охрид, кои се пренесени во Ургентен Центар-Скопје, каде околу 03,50 часот Д.С. починал, додека А.Н. е во животно загрозувачка состојба, информира МВР.