Вработените во Железници да го добијат заработеното

 

,,Целиот железнички сообраќај веќе трет ден е во прекин поради несовесната власт којашто ги остави вработените во Македонски железници без плати, а граѓаните без превоз.

Денеска е понеделник, работен ден е, а многу граѓани кои платиле месечни билети за воз не можат да стигнат на своето работно место.

Дел од граѓаните не се информирани за штрајкот па не стигнале на време на работа, а повеќето биле приморани да прават дополнително трошоци за да плаќаат автобуски билети.

Вработените во Македонски железници повторно се принудени преку штрајк да ги бараат своите чесно заработени плати. Семејствата на овие луѓе се оставени без егзистенција!

Бараме веднаш да се исплатат платите на вработените“-рече Благој Бочварски од СДСМ.

 

 

Платите во јавното претпријатие постојано доцнат, а раководството на власта во заминување не наоѓаат трајно решение. Моментално вработените во Македонски железници -инфраструктура ја бараат втората половина од платата за декември, а вработените во Македонски железници -Транспорт ја чекаат јануарската плата. Требаше да се случи штрајкот за да стигнат најавите за исплата на половина плата, а кој ќе ги плати штетите од тридневниот застој на возовите-праша Бочварски.