Вработен во општина Велес му бил личен возач на Илија Димовски

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, денеска на прес-конференција објави дека пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски, незаконски си доделил личен возач од редовите на вработените во општината .

– Со години неговите работни задачи се воделе како возач на градоначалникот, а всушност тој цело време го возел Илија Димовски за што имаме и докази. Со тоа Димовски ја оштетил општината за голема сума на име на плати на овој човек кој со години го возел пратеникот – изјави Коцевски.

Очекував да затекнам лоша состојба, но по преземањето на должноста градоначалник од претходниот, Чадиев, затекнав очајна состојба во општината.Градоначалникот на Велес рече дека долгот на општината е 2,7 милиони евра од кои најголем дел се кон јавното комунално претпријатие.

Тој нагласи дека покрај градоначалникот и локалните функционери, неодговорно и расипнички се однесувале и вработените во општината.

Вработени испраќале екстремни пораки на социјалните мрежи. Коцевски посочи пример на вработен во локалната самоуправа кој пишувал насилнички пораки во кои порачувал дека ќе го бесат и него и Заев.

-Значи јас треба со овој насилник да работам во иднина-рече Коцевски.